За Конико

Конико ДОО е основана во 1990 година и е еден од лидерите на пазарот во областа на дистрибуција на безбедносна опрема.

Со квалитетот на производите, професионалниот тим и големото искуство и знаење, се стремиме да обезбедиме комплетна услуга за нашите клиенти за изнаоѓање на безбедносни решенија.

Во својата понуда нудиме опрема за видео надзор,алармни системи, противпожарни системи, контрола на пристап и видео домофони.

Со инвестирање во нашите вработени и деловни капацитети и подобрување на организацијата, компанијата стана респектабилна не само во Македонија, туку и во земјите од регионот.

Водени од принципите на деловната етика, ја стекнавме довербата на клиентите, но и на конкурентските компании со кои исто така имаме успешна соработка.